Поразот од Монако
сериозно го стресе столчето на Кристоф Галтие, се говореше дека стратегот ќе
доби отказ доколку ПСЖ биде елиминиран од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
„Светците“ ќе
имаат тешка задача откако „баварците“ во вторникот триумфираа со 0-1 во Париз,
но Кристоф Галтие може и да не го дочека реваншот на „Алианц Арена“.
Како што пишува
Ле Паризен, раководството на ПСЖ го губи трпениети и следните два натпревари се
многу важни.
Во недела ПСЖ го
пречекува Лил а следниот викенд гостува на Велодром кај Марсеј и доколку не
бидат остварени посакувани резултати, Кристоф Галтие ќе добие отказ.
Кога е во прашање
новиот тренер, името на Зинедин Зидан се посочува како прва опција, но се
говори и за изненадувачки потег и враќање на Томас Тухел на „Паркот на
Принцовите“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.