Касерес како слободен фудбалер требаше да го засили Милан кој се соочува со проблеми во дефанзивата поради повредени фудбалери.
Поранешниот фудбалер на Јувентус, пристигна во Миланело, ги помина и медицинските тестови и кога требаше да се договорат финансиите, трансферот пропадна.
„Можам да потврдам дека тој нема да дојде кај нас. Нашата понуда не беше во согласност со неговите барања и не можевме да постигнеме договор. Тој успешно ги помина медицинските тестови, но тоа не беше доволно. Можам само да му посакам среќа во иднина“ – изјави Галијани.
Според италијанските медиуми, Милан на Касерес му понудил договор до крајот на сезоната со можност за продолжување на уште една година. Уругваецот сакал плата од околу 750.000 евра до крајот на сезоната, но Милан му понудил 400.000 евра, плус 350.000 во бонуси во зависност од перформансите. Касерес ги одбил.
Информациите велат дека Касерес сега ќе патува во Англија каде што има интерес за него од Кристал Палас и Саутемптон.