Галатасарај сака уште една трансфер бомба од типот на Осимен

by bojan
1 минути читање
Наполи и Галатасарај постигнале вербален договор за трансфер на Осимен

Шампионот на Турција напорно работи на уште една трансфер бомба од типот на Виктор Осимен, се обидува да го донесе Рафаел Леао од Милан.

Се чини дека деновите на Рафаел Леао во Милан се одбројани, по турбулентната сезона, напаѓачот изјави дека е подготвен за нова авантура и изрази желба за трансфер во Премиерлигата.

Се говори дека Арсенал и Манчестер јунајтед го имаат Португалецот во своите бележници, но како што пренесува новинарот Николо Скира, Галатасарај сака да им ги поремети плановите на гигантите од Премиерлигата.

Шампионот на Турција напорно работи на уште една трансфер бомба од типот на Виктор Осимен, и на Рафаел Лео му нуди четиригодишен договор со плата од 10 милиони евра по сезона.

Останува да се види дали ќе го убедат напаѓачот да го одбере Истанбул како следна дестинација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×