„Комитите“ кои сега го водат Вардар, почнаа акција за купување на сезонски билет кој чини 1.000 денари, а сите средства завршуваат во клупската каса за функционирање на клубот. Но, продажбата треба да оди на многу повисоко отколку што се одвива, од клубот постојано апелираат да се купат сезонски влезници, а сега тоа на свој начин го направи и Филип Гачевски.
„Каде сте сите Вардарци што се удирате во гради, а ве нема никаде. Каде сте легенди на клубот кои викате дека многу го сакате, а ве нема никаде ?! Каде сте бивши фудбалери и тренери? Нели и вие го сакате Вардар како што зборите само на уста, а тешко ви е да купите еден сезонски билет за клубот кој ве створил ?! Каде сте хејтери што седите дома и пишувате коментари, а немате срце да одвоите 1000 денари за Вардар. Каде сте големи газди, фирми, компании, дијаспора? Жално…
Жално да не не можеме да го наполниме Градски стадион како што доликува на најголемиот бренд во Македонија. Голема срамота!
Кога би се одвивала ваква акција во клубови како Звезда, Партизан, Хајдук, Динамо можеме да замислиме каков би бил одзивот. А Вардар не е ништо помал клуб од нив, но за жал тука кај нас има многу луѓе кои се удираат во гради и кажуваат приказни, а ги нема никаде кога треба да се покажат на дело. На крајот една благодарност до навивачка група Комити!
Едeн живот една љубов!“, напиша Гачевски на социјалните мрежи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.