2017 заврши малку
порано за Габриел Жесус, напаѓачот против Кристал Палас на теренот издржа само
дваесетина минути.
По десет минути
игра, тој се пожали на болки во коленото по еден дуел со Таунсенд. Бразилецот
продолжи откако доби третман од лекарскиот тим на Сити, но во 22. минута од
средбата без контакт со никого седна на тревата. Лекарскиот тим не можеше ништо
да стори овој пат, па Габриел Жесус со солзи во очите го напушти теренот а на
негово место во игра влезе Кун Агуеро.
Останува да се
види што ќе покажат деталните тестови, но се стравува дека се работи за
сериозна повреда која ќе донесе проблеми за Пеп Гвардиола но и Арсен Венгер.
Доколку „Граѓаните“
подолго време не можат да сметаат на Бразилецот, сигурно со сите сили ќе тргнат
по Алексис Санчез, кој има само уште шест месеци од договорот со „Топчиите“.
Арсен Венгер е
помирен со реалноста дека ќе го загуби Алексис Санчез но не сака Чиленаецот да
засили ривал од Премиерлигата и преферира тој да замине во клуб надвор од
Англија.