Барселона се
најде во скандал откако се дозна дека „каталонците“ во периодот од 2016 до 2018
исплатиле речиси 1,4 милиони евра на потпретседателот на судискиот комитет
Енрикез Негреира.
Клубот од Камп
Ноу не ги негира исплатите, но се закани со тужби кон сите оние кои ќе
сугерираат дека на овој начин била купена наклонетост на судиите.
Попладнево се
огласи и Фудбалската федерација на Шпанија која објасни дека по доаѓањето на
новото раководство во 2018 година, била направена промена на членовите на
судискиот комитет и господиот Енрикез Негреира повеќе не е член.
Исто така, сите членови се обврзани да ги прикажат сите дополнителни приходи кои ги имаат а се поврзани со фудбалот со цел да се утврди дека нема конфликт на интереси.
ФФШ исто така
брифира дека одделот за интегритет веќе започнал истрага и побарал повеќе
информации од судискиот комитет и Барселона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.