Фудбалската федерација на Македонија потврди уште едно партнерство

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјализираа своето ново партнерство кое претставува значаен чекор во унапредувањето на условите и поддршката за македонските фудбалски репрезентации.

Договорот за соработка постигнат од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и сопственикот на Double Tree by Hilton – Skopje, Ајдован Адемоски го потпишаа генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски и генералниот директор на DoubleTree by Hilton Skopje, Ѓоре Велковски, потврдувајќи ја заедничката посветеност на градење долгорочна и продуктивна соработка.

Ова партнерство претставува уште една потврда за вредноста и реномето на ФФМ, но и за желбата на светски брендови да бидат дел од фудбалското семејство на Македонија.

Навистина ни е драго што го формализираме ова партнерство со хотел кој веќе е важен дел од нашите репрезентативни активности. Веруваме дека оваа соработка ќе продолжи да расте и да придонесува за успехот на нашите селекции. Благодарност за довербата и поддршката”, изјави генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски. 

За нас е чест што сме препознаени како доверлив партнер на ФФМ. Ова партнерство е потврда за нашата посветеност на квалитет и поддршка на спортот во Македонија”. истакна генералниот директор на DoubleTree by Hilton – Skopje, Ѓоре Велковски. 

DoubleTree by Hilton – Skopje веќе е репрезентативна база на најдобрата национална селекција, обезбедувајќи високи стандарди, врвни услови за престој и подготовка на нашите фудбалери. 

Новото партнерство претставува чекор во продлабочувањето на соработката меѓу ФФМ и Double Tree by Hilton – Skopje.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани