БАТЕ Борисов му
направи проблеми на Арсенал, откако синоќа го совлада минимално со 1-0 пред
своја публика, во првата пресметка помеѓу овие две екипи во 16 финалето од Лига
Европа.
Ќе биде интересно
да се види како тимот на Унаи Емери ќе одговори на фрлената ракавица во Лондон,
а Премиерлигашот сигурно ќе има голем притисок на себе по синоќешниот шок во
Белорусија.
Интересно е тоа
што некои од фудбалерите на белоруската екипа, меѓу кои и првата ѕвезда на
тимот, Александер Хлеб, поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона, прославија
со по некој хамбургер во сендвичара, а тоа го сторија утринава во 8 часот.
class="twitter-tweet" data-lang="en">Nothing rubs salt into the wounds
more than sitting next to Alex Hleb and the BATE team while they celebrate
beating Arsenal by wolfing down a Double Whopper meal at 8am pic.twitter.com/7DOW4XYsXE—
Charles Watts (@charles_watts) February
15, 2019