Фудбалер на Манчестер Сити избркан од репрезентацијата, не го слушал селекторот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на Алжир. Брахим Хемдани донесе строга одлука и го отстрани Рајан Аит-Нури од репрезентацијата поради неговото однесување за време на натпреварот против Замбија.

Проблемите настанале откако стручниот штаб во неколку наврати го испраќал 25-годишниот лев бек на загревање, но потоа повторно го враќал на клупата. Таквиот третман очигледно го налутил фудбалерот, кој во еден момент одбил да ги следи инструкциите на тренерскиот тим.

Реакцијата на Аит-Нури во алжирскиот табор била оценета како целосно неприфатлива. Поради тоа, фудбалерот веднаш бил отстранет од репрезентацијата и испратен назад во Англија.

Тој нема да биде во комбинација за претстојните натпревари на Алжир со што селекторот испрати јасна порака дека недисциплината нема да биде толерирана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×