Неверојатна сцена доаѓа од Лигата на нации на КОНКАКАФ. Натпреварот меѓу Антигва и Барбуда против Ангила заврши со убедлива победа на Антигва од 5-0, но резултатот целосно падна во втор план поради она што се случуваше во завршницата на натпреварот.
Во центарот на вниманието беше Аедан Сципио, репрезентативец на Ангила, кој влезе во игра во 68. минута. Сани што влезе во игра веднаш привлече внимание поради исклучително необичната фризура. Сципио имаше многу долга коса речиси до земјата, но на крајот тоа се покажа и како корисно за неговата репрезентација.
Само неколку минути по влегувањето на Сципио на теренот се случи првата бизарна ситуација. Во 71. минута, домашниот играч Грин го повлече за косата. Судијата немаше дилема и му покажа директен црвен картон. Така, Ангила доби бројчана предност, и тоа во момент кога веќе губеше со 5:0. Но, тука не беше крајот.
Во судиското продолжение, уште еден играч на Антигва, Најт, направи речиси идентична работа. Повторно го фати Сципио за косата, а судијата и нему му покажа директен црвен картон.
Така, Сципио за нешто повеќе од 20 минути на теренот успеа да биде директно вклучен во ситуации по кои двајца противнички играчи беа исклучени.
Anguilla National Team subbed on a player in the 68th minute. He then got two players from the other team sent off due to pulling of the hair. 😳 https://t.co/0i502cMEKw
— Footy Xtra HQ (@footyxtraHQ) September 28, 2026