Не му оди на голманот кој беше хит на Мундијалот, добива големи критики!

by Стефан
1 минути читање

Само пред неколку месеци Возиња беше еден од хероите на Светското првенство, но по одличните настапи на Мундијалот неговата кариера доби сосема поинаков тек.

Бразилскиот голман пристигна во Коло-Коло како големо засилување и ѕвезда, но почетокот во Чиле не се одвива според очекувањата. Иако потпиша договор до крајот на 2026 година, искусниот чувар на мрежата досега не успеа целосно да ја оправда довербата.

Возиња во моментов е под сериозен притисок, особено по критиките од јавноста и медиумите. Неговите реакции во одредени ситуации предизвикаа сомнежи околу сигурноста меѓу стативите, па во чилеанската јавност веќе се поставува прашањето дали тој е вистинското решение за првиот голман на Коло-Коло.

Досега Возиња има забележано само три настапи за тимот. На нив прими еден гол, додека двапати успеа да ја сочува мрежата недопрена.

По спектакуларниот Мундијал, од него се очекуваше многу повеќе, но наместо тоа, искусниот голман се најде во центарот на критиките.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×