Фудбалер на Хетафе откри дека е геј: Не сакам повеќе да се кријам

by
1 минути читање

Јакуб Јанкто од Хетафе, кој оваа сезона игра на позајмица во Спарта Прага, со емотивно видео на социјалните мрежи откри дека е хомосексуалец.

„Исто како и сите други, имам силни и слаби страни. Имам семејство, имам пријатели, имам работа која ја извршувам со години, со сериозен, професионален пристап и пасија. Исто како и сите, сакам да живеам слободно, без страв, без предрасуди, без насилство. Но со љубов. Јас сум геј и не сакам повеќе да се кријам“ – вели репрезентативецот на Чешка.

Јакуб Јанкто е еден од ретките фудбалери кои отворено говори за својата сексуална определба па веднаш доби поддршка од клубови како Спарта Прага, Хетафе, Јувентус, фудбалската репрезентација на Чешка, Премиерлигата и ФИФПро..

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани