72
Во последниот
натпревар од 20. коло во Серија А, „бјанконерите“ лесно се справија со Киево и
прокнижија нови три бода. Јувентус влезе како апсолутен фаворит и Даглас Коста
со шут од далечина во 13. минута најави победа за домаќините.
Пред крајот на
првиот дел, својот првенец во Калчото го постигна Емре Џан и зголеми на 2-0.
На стартот од
вториот дел, Роналдо пропушти да ја зголеми предноста, ЦР7 биеше од белата
точка но Сорентино го прочита и му го одбрани ударот.
Португалецот
имаше фрустрирачка вечер и не искориси уште неколку шанси, но пред крајот на
мечот гостите капитулираат и по трет пат. По еден скратен корнер, Ругани осамен скокна
на пет метри и ја затресе мрежата на Киево за конечни 3-0.