362
Македонскиот футсал шампион Форца со тежок пораз го започна настапот во главната рунда од Лигата на шампионите, откако во првото коло беше убедливо совладан од украинскиот претставник Хит со 10-2.
По триумфот на квалификацискиот турнир во Скопје и историскиот пласман меѓу најдобрите, избраниците на Форца почувствуваа колку е високо нивото на европската елита. Украинците од самиот почеток го наметнаа својот ритам и не дозволија никакво изненадување, покажувајќи голема разлика во класа и искуство.
Форца ќе има нова шанса за подобар впечаток во вториот натпревар, кога ќе се соочи со словенечкиот тим Силико.