На португалскиот стратег на клупата на Лион, Пауло Фонсека му се заканува суспензија од седум месеци поради неспортско однесување кон судијата во натпреварот против Брест.
Лион на домашен терен славеше победа над Брест со резултат 2:1 во рамките од 24. коло во француското првенство, а во петтата минута од судиското продолженние Фонсека заработи директен црвен картон поради жестоки приговори кон судијата Беноит Милито.
Кога му беше покажан црвен картон, Фонсека збесна уште повеќе и му се внесе во лице на судијата за потоа неговите фудбалери да го раздвојат.
По натпреварот Фонсека јавно се извини.
„Се извинувам поради своето однесување, не требаше тоа да го направам. Фудбалот нас некогаш не носи во ситуации кои не сакаме да ги правиме“, изјави Фонсека.
Според правилата на Лига 1 поради ваквото однесување Фонсека може да добие суспензија и до седум месеци.
Meanwhile let’s check in on Paulo Fonseca over in France pic.twitter.com/pSMhYd6sDQ
— Matteo Bonetti (@Bonetti) March 2, 2025