1,6K
Португалскиот тренер Пауло Фонсека ги загуби нервите во финишот на мечот меѓу Лион и Брест, кој неговиот тим го доби со 2-1.
Во 97. минута Фонсека доби црвен картон од судијата Милот и веднаш потоа му се внесе в лице. Тој беше бесен, викаше крај аут линијата и кон главниот арбитар, а потоа се упати во соблекувалната. Ова не е првпат Пауло Фонсека да губи нерви, бидејќи тоа му се случуваше и во минатото водејќи ги Рома, Лил, Шахтјор…