Флорентино Перез има фаворит за нов тренер на Реал, веќе се распрашувал за него

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува РМЦ, Флорентино Перез го мерка Маурисио Покетино за нов тренер на Реал, претседателот на „кралевите“ се распрашувал за аргентинскиот стратег и дали тој може да се справи со притисокот во Мадрид.

Арвало Арбелоа на привремена основа го презеде кормилото на Реал по отказот на Чаби Алонсо, и по вчерашната елиминација од Баерн Минхен и уште една сезона без трофеј, тој нема да добие шанса да ја продолжи авантурата.

Атлетик денеска објави дека „кралевите“ веќе размислуваат за нов тренер и како опции се посочуваат Јирген Клоп, Дидје Дешам и Маурисио Покетино.

Како што пренесува РМЦ, едно име се издвојува – Маурисио Покетино, кој е високо ценет од раководството, особено од Флорентино Перез.

Претседателот на Реал веќе се распрашувал за неговиот профил и неговата способност да се справи со притисокот во Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×