Флик доби одлична вест: Кој ќе игра сега во одбраната на Барса?

by Стефан
1 минути читање

Иако во Барселона стравуваа дека Роналд Араухо ќе мора да оди на подолга пауза од три-четири недели, Уругваецот веќе е спремен за враќање на терените.

Стоперот се здоби со повреда на зглобот на гостувањето кај екипата на Севиља, но веќе денес тренираше со тимот и се очекува да биде во составот во понеделник кога Реал Мадрид ќе игра со Рајо Ваљекано.

„Араухо започна да тренира нормално и ќе биде во составот против Рајо Ваљекано“, потврди Флик.

Сега надвор од тимот од претходно се уште Тер-Штеген, Марк Бернал и Андреас Кристенсен.

Ќе биде интересно да се види каков ќе биде сега изборот на Флик кога на располагање ги има четирите стопери: Кубарси, Иниго Мартинез, Ерик Гарсија и Араухо.

Натпреварот на Барселона со Рајо Ваљекано е важен и затоа што со победа Барселона би го преземала врвот на табелата по вчершните нерешени резултати на Реал Мадрид и Атлетико.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани