ФК Вардар: Доста беше, во петок ќе ја кажеме вистината!

by
2 минути читање

Вардар лошо ја почна сезоната во Првата лига, во моментов е на последното место и е прв кандидат за испаѓање. 

Клубот за петок закажа прес-конференција на која ќе обелодени некои важни работи во врска со функционирањето на клубот.

„Време е ФК Вардар да го каже својот збор. Доста беше!

Во петок (29.09.2023) закажуваме вонредна прес-конференција, која ќе се одржи во просториите на прес-салата при СЦ Јане Сандански, во населбата Аеродром, а која симболично ќе започне во 5 за 12, односно во 11:55ч.

Ги повикуваме сите медиуми и навивачи да дојдат, со цел да бидат запознаени со целокупната вистина. Време е да им го честитаме последното место на табелата, на тие кои ветија дека ќе бидат тука и ќе помогнат, а кои на крајот му го свртеа грбот на клубот на народот!

Прес-конференцијата ќе биде емитувана во живо на официјалните страници на ФК Вардар и н.г. “Комити Запад”“, се вели во соопштението на ФК Вардар.

@2024 – Сите права задржани