ФК Шкупи доби засилување – Моцарт нов спонзор на фудбалскиот клуб

by
1 минути читање

Цел на оваа кампања е да се обезбеди финансиска поддршка на спортските клубови ширум Македонија, а по РК Еурофарм Пелстер, логото на Моцарт ќе се наоѓа и на дресот на лидерот во Првата Македонска Фудбалска Лига. 

„Компанија Моцарт на регионално ниво е позната по инвестирањето во спортот на сите нивоа, а горди сме што склучивме соработка и со еден од најпознатите фудбалски колективи во државата. Веруваме дека со ова партнерство ќе помогнеме во остварување на амбициите на клубот во наредниот период.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во Моцарт. 

„Пред сè, морам да се заблагодарам на компанијата Моцарт, која нѐ поддржа и стана наш спонзор. На глобално ниво, тие отсекогаш биле голем поддржувач на спортот воопшто, како спонзори на многу големи клубови во Европа. Се надеваме дека нашиот договор со Моцарт ќе продолжи уште многу години. За фудбалската лига во Македонија, за нашиот клуб и за нашата земја, ваквата поддршка отсекогаш била неопходна, за нашите тимови да се развиваат уште повеќе.“- изјави генералниот директор на ФК Шкупи, Февзи Лајиќ.

Фудбалскиот клуб Шкупи е основан во 2012 година. Ја презеде историјата на славниот македонски тим Слога Југомагнат која замина во стечај поради финансиски колапс. Под името Шкупи, овој клуб почна од Третата лига на Македонија и во 2015 година влезе меѓу најдобрите. Оттогаш, Шкупи е стабилен прволигаш, а зад себе има четири учества во европските купови во последните четири сезони. Тренер на екипата е Гоце Седлоски, македонска фудбалска легенда со 100 настапи во дресот со националниот грб и поранешен играч на Матерсбург, Динамо Загреб, Хајдук, Шефилд Венздеј…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани