139
Навивачите на Интер кои не успеаја да дојдат до карта за големото финале од Лигата на шампионите сепак нема да останат без атмосферата – миланскиот гигант направи гест за почит!
Клубот од „Џузепе Меаца“ официјално потврди дека ќе го отвори стадионот за сите фанови кои сакаат да го следат финалето против ПСЖ во Минхен. Натпреварот ќе се прикажува на големи видео бимови поставени на самиот стадион.
Целиот настан ќе почне во 19 часот, кога вратите на „Сан Сиро“ ќе бидат отворени за јавноста, а спектаклот од Минхен стартува од 21 часот.
Најдобриот дел? Влезниците за овој уникатен доживеј се симболични – само 10 евра. Интер со овој потег уште еднаш покажа дека навивачите се срцето на клубот.