ФИФА стави крај на една од најголемите дилеми околу финалето, еве колку ќе трае паузата на полувремето

by bojan
1 минути читање

Светската куќа на фудбалот ги известила Фудбалските федерации на Шпанија и Аргентина дека паузата на полувремето во финалето на Светското првенство ќе трае 17 минути.

Мундијалот во САД донесе неколку новитети кои не им се допаднаа на љубителите на фудбалот, а во тој правец се движеа и првичните најави за шоуто што треба да се одржи на паузата на полувремето во финалето.

Се говореше дека дури половина час ќе трае перформансот на Шакира, Мадона, Џастин Бибер и останатите, што предизвика ново негодување.

Но ФИФА сега ги расчита сите дилеми околу паузата на полувремето, Фудбалските федерации на Шпанија и Аргентина добиле известување, дека одморот нема да биде подолг од 17 минути.

Или поточно, 11 минути ќе бидат наменети за музичките настапи, додека преостанатото време ќе се искористи за поставување и демонтирање на сцената, како и за дополнително наводнување на тревникот на стадионот „МетЛајф“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×