ФИФА направи промена со ВАР пред натпреварот на Франција и Мароко

by Стефан
1 минути читање

Само неколку часа пред почетокот на четвртфиналната пресметка меѓу Франција и Мароко на Светското првенство, ФИФА донесе важна одлука поврзана со функционирањето на ВАР-системот.

По низата спорни судиски одлуки и дебати околу употребата на видео-технологијата на шампионатот, Светската фудбалска федерација воведе дополнителен безбедносен механизам со цел да обезбеди непречена работа на ВАР во текот на целиот натпревар, вклучително и евентуалните продолженија.

Според новиот протокол, помошникот на видео-судијата и неговиот заменик повеќе нема да бидат исклучиво поврзани со главната видео-оперативна соба во Далас. Наместо тоа, тие ќе бидат позиционирани и на стадионот во Бостон, каде што ќе се одигра натпреварот.

Оваа улога ќе ја извршува Уругваецот Леодан Гонзалез, додека негова заменичка ќе биде Татјана Гузман од Никарагва.

Со оваа промена, ФИФА настојува да го намали ризикот од евентуални технички проблеми кои би можеле да влијаат врз носењето важни судиски одлуки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×