ФИФА го смени новото правило кое ги налути навивачите за Мундијалот!

by 24 фудбал
0 минути читање

ФИФА попушти по бројните реакции од навивачите и ја измени одлуката за внесување вода на натпреварите од Светското првенство 2026.

Според новите правила, секој посетител ќе може да внесе едно фабрички затворено шише вода од мека пластика со капацитет до 590 милилитри.

Првичната забрана предизвика големо незадоволство, а критики пристигнаа и од локалните власти во градовите домаќини. Сепак, забраната за шишиња од тврда пластика и понатаму останува на сила поради безбедносни причини.

На Мундијалот во Катар 2022, навивачите можеа да внесуваат празни шишиња и бесплатно да ги полнат на специјално поставени пунктови на стадионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×