Одлична вест за
Благоја Милевски и нашата најдобра фудбалска репрезентација, 25 годишниот член
на шведски Малме, Ердал Ракип ќе настапува за нашата национална селекција
откако Светската фудбалска федерација (ФИФА) даде зелено светло.
Со оглед на
големите проблеми во средниот ред за селекторот Милевски, ова е одлична вест во
пресрет на новите предизвици, а во однос на случајот со Ракип, се чекаше само
дозвола од ФИФА, со тоа што сега ќе се стави на располагање за дуелите со
Лихтенштајн и Германија во октомвриските мундијалски квалификации.
Ракип има двојно
државјанство, освен шведски, тој поседува и македонски пасош, а претходно
настапуваше за младинските категории за Шведска, меѓутоа не успеа да се избори
за место во сениорската конкуренција.
Новопечениот
македонски репрезентативец инаку одигра 59 минути против Јувентус во првото
коло од групната фаза во новата сезона од Лигата на шампионите, во поразот од
0-3 на домашен терен на Швеѓаните.