ФФМ исплати рекордна премија за успехот во Лигата на нации

by
1 минути читање

Куќата на
фудбалот во нашата земја исплати рекордна премија во висина од 500,000 евра за
нашата најдобра фудбалска репрезентација поради освоеното место во својата
група од УЕФА Лигата на нации.

Со успехот во тоа
ново натпреварување под капата на УЕФА се дојде до посакуваното место во бараж
фазата за пласман на Европското првенство во 2020. година, инаку, премијата
која е исплатена е воедно најголемата премија во историјата на македонскиот
спорт, а истата ќе биде поделена помеѓу репрезентативците и стручниот штаб.

ФФМ ја исплати
премијата за пласман во завршната фаза од Лига на нации и со тоа поставивме
стандард како ќе работиме и во иднина. Пласманот на ЕП 2020. година би
претставувал остварување на сонот на оваа генерација македонски фудбалери и на
капитенот Пандев и соиграчите им посакуваме многу среќа во следните
репрезентативни предизвици
“ изјави в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Во полуфиналето
од Лигата на нации, Македонија ќе ги одмери силите со Косово на домашен терен,
а во второто полуфинале Грузија ќе и биде домаќин на Белорусија, победниците ќе
играат во големото финале на неутрален терен, а победникот ќе добие место на
Европското првенство во 2020. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани