ФФМ ги пушти во продажба билетите за мечевите против Финска и Азербејџан

by
1 минути читање

Најголемиот дел од билетите чинат по 150 денари, тие се сите за северната трибина и за блоковите 1, 2, 5 и 6 од јужната. Само блоковите 3 и 4 од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ се продаваат за 200 денари.

Билетите не може да се купат онлајн бидејќи читачите за електронски билети на националната арена не работеле.

ФФМ ги сподели сите продажни мест од каде што ќе може да се набават билетите. На денот на натпреварите почнувајќи од 10 часот ќе работи и билетарницата на националната арена. Македонија против Финска игра на 17 ноември (четврток), а со Азербејџан на 20 ноември (недела).

ПРОДАЖНИ МЕСТА:

Скопје:

• ЛитератураМК – City Mall

• ЛитератураМК – East Gate

• ЛитератураМК – Веро Центар

• Литература – ТЦ Буњаковец

• ЛитератураМК  – ул. Македонија

• Југотон ГТЦ 1

• ЈК Травел – ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол  – Илинденска

• Макпетрол – Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• ЛитерараМК

• Tobacco Brothers 

Струмица:

• ЛитератураМК 

• ТА Сафари

Радовиш:

• ТА Халкидики

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на денот на натпреварите од 10:00 часот. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани