79
Повеќе нема
дилеми дека Ангарагучу, старо-новиот турски прволигаш е сериозно заинтересиран
во своите редови да го доведе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Според информациите кои ги пренесе „Фанатик“, а воедно и другите тамошни медиуми,
тимот кој од клупата го предводи поранешниот фудбалер на Фенербахче, Исмаил
Картал, веќе испратил и понуда до тимот од Истанбул за Македонецот.
Понудата која
Фенербахче ја доби за Елмас е барање за позајмица од една година, а тоа би
значело поголема минутажа за нашиот фудбалер кој не добиваше многу прилика за
докажување од Ајкут Кочаман, па сега се’ е во рацете на шефот на стручниот штаб на турскиот гигант.
Извор: fanatic.com.tr