Фенербахче договори позајмица на Алиоски, Македонецот вечерва пристигнува во Истанбул!

by
1 минути читање

Џани Алиоски
минатото лето се реши за печалба во Саудиска Арабија, но откако неговиот Ал
Ахли испадна во втора лига, беше јасно дека Македонецот ќе се врати во Европа.

Изминатиов период
имаше многу гласини за неговата иднина, подолго време се поврзуваше со
Трабзонспор па потоа со Бешикташ и германски Фрајбург, за на крајот да заврши
во Фенербахче.

Популарните „жолти
канаринци“ попладнево соопштија дека начелно ја договориле позајмицата на Езгјан
Алиоски, левиот бек вечерва ќе пристигне во Истанбул на финални преговори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани