Младинскиот репрезентативец
на Македонија, 21 годишниот Енис Фазлагиќ си замина од словачка Жилина и потпиша за Висла Краков, а
Велешанецот стави потпис на договор со полскиот гигант до 2026 година.
„Енис е фудбалер
со огромен талент и потенцијал во себе, веќе има и повеќе од доволно искуство
за неговите години, тој е фудбалер кој постојано сака да е со топката, тоа ќе
ни помогне на натпреварите, ќе придодаде агресија на теренот“ реле спортскиот
директор на 14 кратниот полски првак Висла Краков, Томаш Пашиецни.
Неофицијалните
информации говорат дека трансферот на Фазлагиќ ја чини Висла Краков околу половина милион евра,
а Жилина ќе има 20% од евентуалниот иден трансфер на Македонецот, дел ќе има и
за македонскиот првак Шкендија.