Фазлагиќ: Мора да веруваме дека можеме до првото место во групата

by
1 минути читање

Пред Македонија се последните два меча од ова издание во Лигата на нации, во петок гостуваме кај Грузија, па во понеделник ја пречекуваме Бугарија.

Ремито кај Бугарија и убедливиот пораз од 3-0 во Скопје од Грузија ни ги одземаа шансите за првото место.

Сега треба во иста мера, па дури и со гол повеќе да ја победиме Грузија во Тбилиси за да дојдеме до првата позиција.

„Мора да веруваме дека можеме да бидеме први во групата и реално е тоа да одиме на победа на овие два меча. Знаеме дека Грузија е квалитетен противник и ние мора максимално да се подготвиме и во мечот да влеземе како што треба. Најважно е да освоиме три бода и мислам дека со вистински добар пристап ќе биде сѐ во ред“, вели Фазлагиќ.

„Тоа што Грузија е прва покажува дека имаат квалитетен тим и дека играат квалитетно. Тоа го потврдија и во Скопје. Но, ние мора да сме максимално фокусирани и да се спремиме за тој меч, ако сакаме да извлечеме победа, а тоа секако дека го сакаме. Мора да сме поконкретни и нормално дека треба да дадеме голови, зашто со голови може да стигнеме до нашата цел“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани