Фановите му замеруваат: Погледнете што правеше Белингем кога Барселона го постигна првиот гол (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Лука Модриќ беше еден од фудбалерите кои беа во центарот на вниманието по финалето на Купот на Шпанија кој Барселона го освои совладувајќи го Реал Мадрид со 3:2 по продолженија.

Одлучувачкиот погодок го постигна Жул Кунде во 116. минута, искористувајќи голема грешка на Модриќ и Браим Дијаз (ТУКА). Хрватскиот ас одигра преголемо ризично паралелно додавање во опасна зона на кое Дијаз задоцни да реагира. Токму таа загубена топка заврши кај дефанзивецот на Барса кој истрча и ја смести во мрежата за триумф и нов трофеј на „каталонците“ против најголемиот ривал.

Шпанските медиуми и фудбалската јавност упатија жестоки критики кон Модриќ, посочувајќи ја неговата грешка како клучна. Сепак, сега се појави и снимка која открива голема вина за првиот гол на Барселона има Џуд Белингем.

Имено, на средината на теренот Белингем дозволи негово додавање да го пресече Пау Кубарси, кој ја проследи топката до Педри. Плејмејкерот на Барса одигра дијагонално додавање до Дани Олмо на десната страна, додека Белингем, наместо да интервенира, само се фати за глава и остана статичен. Педри без поголема пречка го мина и дојде до работ на казнениот простор, од каде што прецизно погоди за водство на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани