Фала Исланд, Македонија е на чекор до бараж за СП!

by
1 минути читање

Македонија е пред пласман во бараж за Светското првенство, за да го оствариме тоа сега ни е потребна само уште победа против Исланд во недела во Скопје.

Таков пресврт на ситуацијата донесе денешниот меч меѓу Романија и Исланд кој заврши без голови 0-0.

Притисокот дека мечот мора да се победи беше претежок за Романците кои со настапот ги разочараа своите навивачи, но ги израдуваа нашите.

Исланд воопшто не беше во подредена улога, иако очекувано Романија имаше повеќе од играта во Букурешт.

Најголемата шанса Романците ја имаа на пет минути пред крајот кога Хаџи ја погоди стативата од голот на Исланд.

Денешниот ден беше идеален за македонската репрезентација, а подарокот кој ни го даде Исланд треба да го искористиме со победа токму против нив во недела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×