Фабијани: Мора да ги намалиме грешките од претходните натпревари

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар денеска во Рига го одработија и последниот тренинг пред утрешниот реванш натпревар во второто квалификациско коло во кое „црвено-црните“ ќе бркаат негатива од 3-2.

Тренерот Кристијан Фабијани пред натпреварот истакна дека Вардар ќе мора да ги намали грешките ако сака позитивен резултат.

„Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните мечеви, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со намалени грешки во сите линии.

Има и фудбалери на кои нема да може да смета.

„Сите играчи кои допатуваа со нас ќе конкурираат за игра, ги немаме во тимот само Хоакин Торес и Бобан Николов. Го имаме официјалниот тренинг за финални подготовки за мечот.“, изјави тренерот Кристијан Фабијани.

Натпреварот утре се игра во терминот од 19:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×