1,1K
Арсен Венгер е
суспендиран на три натпревари поради недолично однесување кон судијата Мајк Дин
на мечот од Премиерлигата каде ВБА во завршницата од пенал успеа да извлече бод
пред своја публика.
Венгер ќе мора притоа да
плати и парична казна во висина од 45,000 фунти.
Токму на претходно споменатиот натпревар, Французинот стана рекордер во Премиерлигата со 811 натпревари предводејќи го клубот од Лондон.