Евра обвинува: Некој не ме сакаше во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Минатиот месец се
појавија стории кои го поврзуваа Патрис Евра со изненадувачки трансфер во
Манчестер јунајтед.

Зделката не се
реализираше, а левиот бек потоа потпиша за Марсеј.

Во разговор со
Скај Италија, Патрис Евра сега открива дека имал разговори за враќање на Олд
Трафорд, бил блиску одново да го облече дресот на „Црвените Ѓаволи“ но
мистериозен човек го блокирал трансферот.

„Бев блиску до
враќање во Манчестер јунајтед
– вели Французинот.

„Разговарав и со
Мурињо, но имаше еден човек, чие име нема да го откријам, кој веројатно не ја
сакаше идеата за мое враќање
.

„Дури и фановите
беа воодушевени, и сигурно ќе беа задоволни, но откако сфатив дека клубот нема
да направи ништо, му кажав на мојот агент да побара други опции
.

„Марсеј за кратко
време ме импресионира со проектот. Ни беше потребен еден ден за да се
договориме. Ме третираа како Бог, јасно до знаење ми ставија дека навистина сум
им потребен
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани