ЕВН со срце на терен до победа над Халк Банка

by riste
3 минути читање

ЕВН 8-6(4-2) Халк Банка

ЕВН: Бојан Симоновски 10’ Дарко Стоилевски 23’ 39’ Ајет Новобрдалија 32’ 40’ Бојан Тодоровски 3’6’ Хамза Јашари 11’

Халк Банка: Алпер Тахир 2’ 29’ 34’ 37’ Ерсин Тахир 33’ Апостол Ангелковски 16’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Халк Банка, двете екипи на овој натпревар настапија со отворена игра. Екипата на Халк Банка прва го отвори резултатот со погодокот на Тахир во 2та минута, следуваше брз одговор од екипата на ЕВН кои преку Тодоровски успеаа да израмнат во 3та минута а кратко потоа и да дојдат до целосен резултатски пресврт. Двете екипи играа отворен фудбал но екипата на ЕВН имаше подобра реализација па успеаа да дојдат до солидна предност од 4-1. До полувремето екипата на Халк Банка успеа да ја намали резултатската негатива која на паузата изнесуваше 4-2. Во второто полувреме екипата на Халк Банка успеа да ги консолидира своите редови во игра внесе голман играч што тотално ја смени играта на терен па успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 6-6 во 37та минута. Сепак екипата на ЕВН во финишот од натпреварот го остави срцето на терен и со два одлични погодоци успеа да слави со 8-6.

ТАВ во дерби натпревар до победа над Киел

Киел 7-8(1-4) ТАВ

Киел: Роберт Дамески 27’ 28’ 33’ 40’ Перица Николовски 18’ 26’ 34’

ТАВ: Сабри Лесковица 5’ Ивица Продановски 19’ 22’ Сеат Демири 27’ 28’ 37’ Даниел Симиќ 13’ 14’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Киел и ТАВ, двете екипи влегоа силно мотивирани во овој натпревар. Екипата на ТАВ прва го отвори резултатот со погодокот на Лесковица во 5та минута. Екипата на Киел имаше одлична шанса по груб старт на противникот со играч повеќе да дојде до поволна позиција за погодок, но ТАВ одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи лесен погодок. До крајот на полувремето екипата на ТАВ успеа да створи солидна предност и на паузата замина со предност од 1-4. Во второто полувреме се разбуди екипата на Киел која од минута во минута почна да ја топи предноста на ТАВ па во 34-та минута од полувремето успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 6-6 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на ТАВ успеа да ги затвори пристапите до својот гол и со реализација на спротивната страна успеа да слави со резултат од 7-8.

Леорон немаше сили за пресврт во дуелот со Алкалоид

Леорон 5-7(1-6) Алкалоид

Леорон: Марко Вигњевиќ 2’ 28’ Ринор Мурати 31’ Нуман Идризи 26’ 27’

Алкалоид: Стефан Димовски 15’ Дарко Петрушевски 10’ 19’ Никола Спасовски 7’ 18’ 31’ Кристијан Патров 16’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Леорон и Алкалоид. Екипата на Леорон прва го отвори резултатот уште во 2та минута со погодокот на Вигњевик, екипата на Алкалоид имаше брз одоговор и преку Спасовски успеа да го израмни резултатот, а преку Петрушевски успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт 1-2. До крајот на полувремето екипата на Алкалоид ја зголемуваше својата предност па на паузата замина со резултат од 1-6. Во второто полувреме екипата на Леорон успеа да ги консолидира своите редови и да ја стопи резултатската разлика. Леорон во завршницата на натпреварот дојде до само два гола негатива, ова им беше силен мотив да атакуваат со цел да дојдат до израмнување. Екипата на Алкалоид искусно го затвори пристапот до својот гол ја сочува предноста и на крајот од овој натпревар славеше со 5-7.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×