Eвертон е одличен со Мојс: Алкараз донесе победа против Кристал Палас (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Евертон продолжи со одличните резултати од доаѓањето на Дејвид Мојс и денеска славеше над Кристал Палас со резултат 1:2.

Првиот гол во натпреварот „карамелите“ го постигнаа во завршницата од првиот дел преку Бето и тоа беше единствениот погодок во првиот дел. Кристал Палас преку Лерма ја погоди мрежата, меѓутоа тој гол беше поништен поради недозволена позиција.

Матета на стартот од вториот донесе израмнување кое беше актуелно се до финишот.

Победата за гостите ја обезбеди Алкараз со голто во 80. минута. Евертон во овој момент е во серија на одлични резултати и го забележа четвртиот триум во последните пет натпревари, единствено ремизираа против Ливерпул во минатото коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани