Пеп Гвардиола
потроши преку 300 милиони евра на задната линија откако пред 18 месеци седна на
жешкото столче на „Граѓаните“.
Последната сложувалка
беше Ајмерик Лапорт за кого беа искеширани 65 милиони евра. Французинот стана
најскапото засилување во историјата на Мначестер Сити и втор најскап дефанзивец
во светот.
Иако тој вчера
потпиша и едвај одработи еден тренинг со новите соиграчи, Ајмерик Лапорт
вечерва беше фрлен во „оган“ и дебитираше против ВБА.
Тој веднаш покажа
зошто Пеп толку многу инсистираше на негов трансфер. Французинот одигра солидно во дефанзива, а забележа и 76
додавања од кои речиси 95% беа прецизни. Особено импресивна беше долгата топка
за Бернардо Силва.
Токму ова го бара
Гвардиола од своите дефанзивци, кои не само што треба да се грижат мрежата да остане незатресена, треба и да бидат вешти со топката, да учествуваат во градењето на
нападите како и држењето на поседот.
Laporte crossfield pings my drug pic.twitter.com/3TUittwkyT
— Rob (@Razza_7) January 31, 2018