Еве што правеше Диоманде откако излезе информацијата дека трансферот во Реал не е договорен! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Спортскиот директор на Лајпциг синоќа кажа дека трансферот на Јан Диоманде уште не е договорен, но фудбалерот не изгледа многу вознемирен поради неговата ситуација.

Различни се информациите за евентуалниот трансфер на Диоманде. Прво се пишуваше дека се е договорено, потоа дека клубовите си подале рака но проблем е неговиот поранешен агент со кој разделбата не била најчиста, за синоќа од Лајпциг да стигне информација дека не е постигнат договор.

Откако излезе информацијата дека трансферот уште не е договорен, Диоманде на социјалните мрежи објави видео како танцува во соба. Не изгледа многу загрижено за актуелната ситуација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×