Еве кои се опциите на Барса за замена на повредениот Видал

by
2 минути читање

Барселона и Луис
Енрике до крајот на сезоната ќе немаат класичен десен бек, Алеш Видал, кој
полека почна да добива минутажа, заработи тешка повреда овој викенд.

Луис Енрике има
неколку опции на располагање, првата е покрај Серхи Роберто, на оваа позиција
да го користи и Хавиер Маскерано, Аргентинецот во неколку наврати знаел да ја
одработи оваа улога.

Втора опција е
стратегот да повика играч од резервниот тим, 22 годишниот Нили Пердомо веќе
доби повик и ќе патува со тимот за Париз за дуелот со ПСЖ во Лигата на
Шампионите.

Тој во неколку
наврати има тренирано со првиот тим, летоска одработи и дел од подготовките а
дебитираши на средбата со Херкулес во Копа дел Реј.

Уште една опција
е капитенот на Б тимот, Серхи Паленсија кој пред неколку години беше најавуван
како „новиот Лам“ од страна на каталонските медиуми.

Барса може
отсуството на Видал да го надополни и преку ангажман на нов играч, според
правилата, „Каталонците“ можат да потпишат со играч кој нема клуб, или пак
играч кој настапува во Ла Лига.

Нивниот поранешен
играч Мартин Касерес е опција, дефанзивецот се опорави од тешката повреда и е во
потрега на нов клуб. На почетокот од оваа недела беше на тестови со Милан, а
потоа и со Саутемптон.

Кансело од
Валенсија, кој се поврзува со Барселона во јануари исто така е опција, но тешко
за верување е дека „Лос Че“ ќе го ослободи Португалецот сега кога трансфер
пазарот е завршен и има само лимитрана понуда на играчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани