„Каталонците“ се
пред невозможна мисија, утре пред своите фанови треба да направат историски кам-бек за да го продолжат настапот во Лигата на Шампионите.
Никој се нама
вратено од 4-0 негатива по првиот натпревар, но Луис Енрике е полн со
оптимизам.
„Убеден сум дека
во еден период од натпреварот ќе бидеме блиску до остварување на потребниот
резултат” – рече тренерот
на Барса на денешната прес конференција.
„Ако тие ни дадоа
четири гола, тогаш ние можеме да им дадеме шест. Ова е двомеч, па се наоѓаме
на половина. Во текот на 95 минути многу работи можат да се случат”.
„Треба да бидеме
смирени, не треба да полудиме и да мислиме дека мораме да дадеме толку и толку голови
до таа и таа минута”.
„Немаме што да
загубиме, можеме само да добиеме”.