Според многумина овој тим на Пари Сен Жермен може да дотурка далеку во Лигата на шампионите, а веројатно вистинскиот тест на оваа теза ќе биде во осминафиналето и двомечот со Ливерпул.
Во француското првенство избраниците на Луис Енрике буквално си поигруваат со ривалите, а за тоа најдобро зборува победата од 4-1 над Лил. Шпанскиот стратег по овој триумф зборуваше и за тоа што следува, односно првиот меч со англискиот лидер.
„Не сум видел досега мојот тим да има страв. Тоа не постои кај професионалците. Не верувам дека моите фудбалери се плашеле од било кој сега или во минатото. Сите имаат свое мислење, ние имаме добра и динамична игра, а сезоната оди добро од стартот. Сега сме во добар моментум. Мислам дека ова ни беше најдобар прв дел од сезона. Лил е еден од најдобрите француски тимови и игра во Лигата на шампионите, а победа над нив на овој начин само покажува на кое ниво сме. Сега се насочуваме кон Лигата на шампионите и двомечот со Ливерпул. Ќе бидеме амбициозни како секогаш“, изјави Енрике.
Токму пресметката на ПСЖ и Ливерпул ќе биде дерби на осминафиналната фаза во елитното натпреварување.