Енцо Фернандез на
крајот од минатата година доби сериозна понуда од Челси и плата од 8 милиони
евра по сезона. Парите му го свртеа умот, па без дозвола на клубот се врати во
Аргентина да ја прослави новогодишната ноќ и пропушти неколку тренинзи.
„Сините“ сепак не
ја активираа откупната клаузула во неговиот договор, па преговорите со Бенфика
пропаднаа, а Енцо Фернандез беше приморан да се врати во составот на „орлите“.
Не е јасно дали
клубот од „Стемфорд Бриџ“ до крајот на зимскиот преоден рок ќе тргне во нова
офанзива, но Енцо Фернандез синоќа јасно стави до знаење што тој планира.
Фудбалерот од
средниот ред постигна убав гол во победата од 0-2 на гостувањето кај Варзим во Купот
на Португалија и при прославата испрати порака до Челси, со својот гест кажа
дека останува.
Simplemente Enzo Fernández pic.twitter.com/yvHYwsQdPS
— Pablo Giralt (@giraltpablo) January 10, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.