Емре Џан постигна гол од половина терен и емоционално прослави (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Борусија Дортмунд го продолжува патот во Купот на Германија откако вечерва „милионерите“ славеа со 1-2 против Бохум.

Првиот гол падна на необичен начин, голманот на домаќините лошо расчисти една топка а Емре Џан од половина терен успеа да ја затресе мрежата.

Фудбалерот од средниот ред, кој има потекло од Турција, потоа емотивно прослави и ја бакна црната лента на ракавот во чест на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани