Емотивен момент: По две операции и хемотерапија, Але ги одигра првите минути во дресот на Дортмунд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Минатото лето,
Себастијан Але стана најскапото засилување во историјата на Борусија Дортмунд,
но неговата авантура на „Сигнал Идуна Парк“ имаше кошмарен старт.

На стартот од
подготовките му беше дијагностициран рак на тестисите, па следуваа шест тешки
месеци со две операции и хемотерапија.

На почетокот од
годинава, напаѓачот доби зелено светло да се врати на тренинг и полека да
влегува во форма.

На синоќешниот
натпревар против Фортуна Дизелдорф, Себастијан Але ги одигра и првите минути во
дресот на „милионерите“, доби шанса во завршницата од мечот и беше поздравен со
аплауз и овации.

„Ова е
неверојатен момент, добив многу аплауз и и многу пораки, разговарав со
соиграчите и противниците“
– рече Себастијан Але по крајот на натпреварот.

„Конечно го
облеков дресот на Борусија Дортмунд, играв за прв пат по шест месеци. Навистина
сум задоволен. Играњето е нешто сосема друго, чувството е поинакво кога
тренирате или трчате во шума. Ми недостасуваше ова чувство. Сакам да останам
фит до крајот на сезоната и да одиграм што е можно повеќе натпревари“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×