Елмас во Милан за 45 милиони евра!?

by
3 минути читање

Не е првпат од Турција да се појавуваат информации за иднината на Елмас, зашто и лани турски медиуми го преселуваа македонскиот дијамант во Милан, кој покажа голем интерес, но конкретна понуда не испрати во Наполи, а патем избра да го земе Белгиецот Шарл Де Кетеларе наместо Елмас и на Бриж му плати над 30 милиони евра.

Колку е оваа информација вистинита или е само чиста шпекулација, само времето ќе покаже, зашто многупати досега се покажало дека информациите од Турција не се баш релевантни, особено кога станува збор за македонски фудбалери, па изминатата година сѐ и сешто објавија турски медиуми и за Енис Барди и Езџјан Алиоски и ништо од тоа не излезе како што беше објавено.

Милан сезонава веќе потроши 99 милиони евра на засилувања, меѓу кои Кристијан Пулишиќ, Рубен Лофтус Чик, Тијани Рејндерс, Ноа Окафор, а на пат е Самуел Чуквуезе, како и младиот Лука Ромеро кој дојде бесплатно, а сето тоа од 70 милионскиот трансфер на Сандро Тонали во Њукасл.

Милан од лани го следи Елмас и покажуваше интерес за да го купи, но тешко е Наполи и Аурелио Де Лаурентис да се убедат на продажба освен со многу пари. Но, оваа сума која е сериозно висока посебно за италијански услови е прашање дали „росонетрите“ и ја имаат освен ако не продадат некоја друга своја ѕвезда како Тонали.

@2024 – Сите права задржани