Елмас утре ќе има нов средба со Спалети, но овојпат како противник, македонскиот фудбалер добро го знае италијанскиот стратег и очекува дека ќе направи сериозни промени во составот.
„Очекувам Спалети доста да промени, го познавам многу добро. Очекувам висока игра, доста офанзивна, посед на топка и секогаш очекува 90 проценти да му биде во пресинг тимот. Не знам колку ќе успее да ги реализира идеите бидејќи само што е назначен“, вели Елмас.
„После освоеното Скудетото и сите тие убави моменти убаво ми е што повторно ќе го видам. Пред мечот сме пријатели, но кога ќе почне секој е на својата страна“.
„Чест и задоволство ми е да играм против фудбалерите со кои настапувам во Наполи. Се пецкаме меѓусебе, но со почит еден кон друг“.
„Ние ќе искочиме на терен да го одиграме она што ќе ни го каже селекторот, па ќе видиме што и колку ќе можеме да направиме против селекција како што е Италија“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.