Елмас: Сѐ уште не сме го кажале зборот „Скудето“

by
1 минути читање

Наполи веќе има 18 бодови предност пред Интер кој има меч помалку. Треба да се случи чудо за Наполитанците да ја загубат предноста, па полека сите ги прогласуваат за шампиони.

Но, Елмас вели дека тие се фокусирани само на натпреварите и не мислат дека веќе станале шампиони.

„Ние сѐ уште не сме го кажале зборот ‘скудето’, зашто сѐ уште има уште многу за играње и одиме меч по меч, секогаш концентрирани. Среќни сме што победивме со Сасуоло, што си одиме со три бода, зашто лани имавме 2-0, па освоивме бод (2-2), а Сасуоло беше во серија со победи против Милан, Лацио, Аталанта… Знаевме дека ќе биде тешко и сега покажавме уште една работа, дека кога страдате, треба да трчате, да гризете кога сте во тешкотија“, вели Елмас.

Елмас игра на речиси секој меч за Наполи, има 22 настапи од 23 натпревари, но само на седум бил стартер. И покрај тоа тој досега е импресивен постигнувајќи шест голови, повеќе погодоци од него во тимото имаат само Осимен и Кварацхелија.

„Среќен сум, сите сме важни за Наполи во моментов, а јас кога и да играм, дали од старт или кога влегувам од клупата, се трудам да дадам сѐ од себе и да им помогнам на соиграчите. Знаеме дека имаме неверојатна сезона и јас се надевам дека ми оди добро“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани