Елмас: Одиме на шест бода од овие два меча, но знаеме дека нема да биде лесно

by
1 минути читање

Македонија се подготвува
за претпоследната рунда од квалификациите за мундијалот во Катар, пред „црвено-жолтите“
се два дуели, во петок гостуваме кај аутсајдерот Лихтенштајн а потоа на 11. октомври
го пречекуваме првиот фаворит во групата, Германија.

„Мораме да го
добиеме мечот со Лихтенштајн за да останеме во игра за пласман на Светското
првенство“
– вели Елиф Елмас. „Се подготвуваме добро и се надевам дека ќе се
вратиме со три бода од гостувањето во Вадуц. Треба да одиграме како што ќе каже
селекторот, како и на претходните натпревари, но секако треба да поправиме
неколку елементи во играта, не само реализацијата“.

„Не чека тежок
меч, знаеме дека Лихтенштајн игра добар дефанзивен фудбал и е многу компактен и
квалитетен тим“.

„За нас и двата
натпревари се важни, не гледаме на Лихтенштајн како на тест пред Германија.
Гледаме да ги освоиме сите шест бода ако сме во можност, но нема да биде лесно.
И Лихтенштајн е тежок противник, а Германија ќе биде уште потежок противник.
Наше е да го одиграме тоа што ќе го каже селекторот и тоа што знаеме и умееме, и
се надевам дека од двата меча ќе извадиме максимум“.

Минатиот месец,
Македонија имаше три натпревари во квалификациите за СП и на трите одигравме реми, па сега сме на
четвртата позиција на табелата со бод помалку од Романија, два од Ерменија и
шест зад лидерот Германија.

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани